четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Новицки ќе добие статуа во Далас

Новицки ќе добие статуа во Далас

Во чест на наследството на Дирк Новицки, Далас Маверикс ќе ја откријат неговата статуа на 25. декември во 11 часот. Церемонијата ќе се одржи во „American Airlines Center South Plaza“ за акредитирани и поканети гости.

Улицата „ Nowitzki Way“, ќе биде затворена за сообраќај, така што пошироката јавност ќе има можност да го прослави овој важен настан за Маверикс.

Преносот на церемонијата ќе биде достапен во живо на веб-страницата на Далас Маверикс. Мавс го пензионираа дресот со број 41 на Дирк во јануари.

„Дирк направи толку многу за кошарката и за нашиот град“, рече сопственикот на Маверикс, Марк Кубан и дополни: „За да ја покажеме нашата благодарност за тоа, сакаме да се погрижиме наследството и уникатноста на Дирк Новицки засекогаш да се паметат во Далас“.