Ако се надевате дека наскоро ќе ја пронајдете вашата сродна душа, можеби сте еден од среќниците на кои ѕвездите им подготвуваат пријатни изненадувања во следните неколку месеци.
Дознајте дали припаѓате на трите хороскопски знаци кои ќе се заљубат до крајот на годината.
Рак
Иако моментално не се задоволни од љубовната ситуација, тоа наскоро ќе се промени. Веќе на крајот на овој месец ќе забележат дека можностите се вртат во нивна корист. Ќе станат разиграни, заводливи и отворени за нови искуства, а во ноември би можеле да најдат сродна душа. Личноста која ќе влезе во нивниот живот толку силно ќе ги привлече што брзо ќе го спуштат штитот и ќе им се препуштат на страстите.
Скорпија
Нивниот љубовен живот моментално е доста комплициран, но со почетокот на нивното владеење на 23 октомври ќе настанат позитивни движења. Нивниот магнетизам и сексипилност ќе дојдат до израз, па ќе бидат неодоливи. Им се отвораат многу возбудливи можности, а со нив најмногу шанси ќе има оној кој ќе успее да ја скокотка нивната фантазија. Ноември е одличен за страсни игри, додека декември е полн со забавни можности.
Јарец
Јарците ќе бидат попопуларни од обично. Ќе забележат дека секаде ги набљудуваат, што на почетокот ќе им направи непријатност, но брзо ќе се опуштат и ќе почнат да уживаат во вниманието. Голем дел од есента ќе си поминат одлично, но декември ќе биде судбоносен за нив. Тогаш треба да запознаат некој кој ќе ги има сите квалитети кои ги бараат кај партнерот и со кој ќе остварат возбудлива врска.