среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 204 возачи

Во Скопје казнети 204 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 24 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, шест санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.