вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Борис Џонсон се врати во Британија, влегува во трката за лидер на Конзервативната партија

Борис Џонсон се врати во Британија, влегува во трката за лидер на Конзервативната партија

Поранешниот премиер Борис Џонсон денеска се врати во Велика Британија, откако го прекина одморот на Карибите за да влезе во трката за замена на Лиз Трас за лидер на Конзервативната партија, јавија британските медиуми.

Според нив, тоа би означило храбар обид на Џонсон да се врати на власт.

Тој ја напушти функцијата на почетокот на минатиот месец, откако десетици оставки од неговата влада по голем број скандали доведоа до негово заминување.