На 23.10.2022 во временскиот период од 00.00 до 04.00 часот од полициски службеници од СВР Скопје на поширокото подрачје на град Скопје беше спроведена акциска контрола во која беа контролирани 97 угостителски објекти и 37 возила, при што биле констатирани 11 прекршоци, од кои: два од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, седум од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, еден од Законот за лична карта и еден од Законот за возила.
Воедно, на подрачјето на Бит Пазар и Карпош полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода три лица, поради сторени прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и еден прекршок од Законот за лична карта, и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.