четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Комшиска драма во Чаир: Маж и жена претепани од две сосетки

Комшиска драма во Чаир: Маж и жена претепани од две сосетки
илустрација

Во полициска станица Бит Пазар, С.М.(27) од Скопје пријавила дека во 14:20 часот, вчера во дворот на нејзината куќа на подрачјето на Чаир, таа и нејзиниот сопруг Б.М.(37) од Скопје, по претходна расправија, биле физички нападнати од нивните сосетки А.Д.(34) и Т.Д.(32), двете од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.