Во експлозија на автомобил во близина на зграда на телевизиска куќа во Мелитопол, во областа Запорожје во Украина, повредени се пет лица – вработени во ЗаТВ и граѓани, јавуваат руските медиуми.
Владимир Рогов, член на Главниот административен совет на регионот Запорожје, објави дека во Мелитопол се случил терористички напад и дека, според моментално достапните информации, експлодирала импровизирана експлозивна направа.
Во експлозијата се оштетени фасадата и прозорците на зградата. Службите за итни случаи се на местото на експлозијата.
Рогов рече дека ЗаТВ ќе продолжи да работи.