среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Паднале од четирицикл, повредени две лица

Паднале од четирицикл, повредени две лица
илустрација

На 24.10.2022 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за планинарски дом „Китка“, Ј.М.(34) од с.Цветово, скопско, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и се превртел.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Н.Ф.(35) од Скопје, констатирани во приватна здравствена установа во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.