сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач на четирицикл тешко повреден, излетал од пат

Возач на четирицикл тешко повреден, излетал од пат

На 27.07.2023 во 17.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар-Србиново-Падалиште, С.Џ.(52) од гостиварски Равен, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Џ. констатирани во Медицински центар Гостивар.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.