сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Одбиена жалбата на кошаркарката Грајнер за намалување на деветгодишната затворска казна

Одбиена жалбата на кошаркарката Грајнер за намалување на деветгодишната затворска казна

Судот во Красногорск, на периферијата на Москва, ја одби жалбата на американската кошаркарка Бритни Грајнер против нејзината деветгодишна казна за поседување и трговија со дрога. На рочиштето кое траело нешто повеќе од половина час, судот го одбил барањето на адвокатите на спортистката казната да и биде укината или барем скратена.

Одбраната тврдеше дека изречената казна затвор од девет години е непропорционално сурова за поседување на пумпа за дишење со масло од канабис во неа.

32-годишната Грајнер беше приведена на 17 февруари на московскиот аеродром откако во нејзиниот багаж беа пронајдени забранетите супстанци. Во август судот по шестмесечен притвор и одреди ефективна затворска казна. Таа казна беше потврдена и по денешното рочиште, на кое Грајнер се приклучи преку интернет конекција.

Адвокатите на Грајнер, двократна олимписка шампионка со тимот на САД, рекоа дека не се откажуваат од надежта дека нивниот клиент би можел да биде вратен во САД во размена на затвореници. Властите во Вашингтон ветија дека ќе продолжат да работат со руската страна за ослободување на „незаконски притворената“ Грејнер, изјави портпаролот на Белата куќа, Џејк Саливан.