недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетни браќа и жена нападнати кај Бит Пазар, насилниците употребиле тврди предмети

Малолетни браќа и жена нападнати кај Бит Пазар, насилниците употребиле тврди предмети

На 25.10.2022 во 12:30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Л.С.М.(37) пријавил дека на 24.10.2022 околу 21:00 часот на подрачје на Бит Пазар неговите двајца малолетни браќа, по претходна расправија, биле физички нападнати од две лица кои употребиле и тврд предмет.

Исто така, на 25.10.2022 во 13:00 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.М.(54) пријавила дека на 24.10.2022 околу 21:30 часот на подрачје на Бит Пазар, по претходно случениот настан, била физички нападната од три лица кои употребиле тврди предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.