петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени двајца тинејџери, излетале со мопед

Повредени двајца тинејџери, излетале со мопед

На 27.10.2022 во 01.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане, мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од с.Доброшане, излетал надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен малолетен сопатник од с.Доброшане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница во Куманово.

Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.