петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти ги откри плановите на Реал за јануари

Анчелоти ги откри плановите на Реал за јануари

Екипата на Реал Мадрид е домаќин на Џирона во првата шпанска лига, меч на кој шампионот е апсолутен фаворит за освојување на трите бода и покрај отсуствата на неколку играчи.

Тренерот Карло Анчелоти знае дека не треба да се потцени ниту еден противник, па најавува игра која ќе го донесе посакуваниот резултат.

– Тие играат добар фудбал, сакаат да ја имаат топката во свој посед. Офанзивно се доста добро организирани и мора добро да се браниме. Мора да бидеме фокусирани од првата минута и мора да победиме, откако загубивме до Лајпциг во ЛШ, -порача Анчелоти кој притоа ги откри плановите на „кралевите“ за зимскиот преоден рок.Засилувања во јануари? Не сме заинтересирани за зимски засилувања. Овој тим ќе остане ист до крајот на сезоната, -порача италијанскиот стручњак.