петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицајци влегоа во куќа во Зајас, сопственикот ќе има проблем поради тоа што го најдоа

Полицајци влегоа во куќа во Зајас, сопственикот ќе има проблем поради тоа што го најдоа

На 29.10.2022 околу 19:00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Кичево, извршиле претрес во домот на М.А.(34) од кичевското село Зајас.

Притоа, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од бела прашкаста материја, 4 куршуми различен калибар, 6 најлонски паковки со марихуана,  од кои 5 се пронајдени во паркирани патнички автомобили „мерцедес“ и „опел астра“, како и други предмети.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.