петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казахстан: Најмалку пет лица загинаа во експлозија во рудник

Казахстан: Најмалку пет лица загинаа во експлозија во рудник

Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени во експлозија во рудник за јаглен во централен Казахстан, соопшти тамошното Министерство за вонредни состојби.

Несреќата се случила во Шахтинск, во рудникот Ленин што му припаѓа на Арцелор Митал.

Вкупно 106 лица се евакуирани од рудникот, а четворицата повредени се хоспитализирани, соопштија властите.

Министерството додаде дека се утврдуваат околностите за несреќата.