понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Нова градинка во Прилеп за 250 дечиња

Нова градинка во Прилеп за 250 дечиња

Прилеп ќе добие нова градинка за 250 дечиња која се наоѓа во населбата Точила.

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска извршија увид во изградбата на детската градинка.

-Исклучително значаен проект за Прилеп бидејќи потребата од вакви објекти е секогаш поголема од капацитетите со кои што располага општината и добив информација од градоначалникот дека секогаш околу 300 до 350 дечиња се на листата за сместување во објектите. Со оваа градежна офанзива која што ја направи градоначалникот заедно со администрацијата, со тимот овде во Прилеп се заврши овој објект.

Благодарност и до ЕВН која што практично овозможи да во рекордно брзо време се добие енергетско напојување на самиот објект. Она што исто така сакам да кажам е дека општина Прилеп продолжува да ги реализира проектите, добив информацијата од министерството за транспорт и врски дека влезот практично во општина Прилеп од кај Крушево е веќе во фаза на тендерирање, завршени се обврските на самата општина, обезбеден е сообраќајниот проекти и очекуваме некаде таму во јануари да биде воведен изведувачот на тој проект. Понатаму, исто така можам да изразам големо задоволство дека мапирањето на она кое што кажавме реконструкција и реновирање на улиците овдека во општина Прилеп е веќе завршено, и се подготвува тендерската документација и истата ќе биде според динамиката објавена втората половина на јануари месец со што повеќе од 65 илјади квадратни метри ќе биде реконструирана патна инсталација, односно ќе бидат асфалтирани патни делници овде во Прилеп.

Во завршна фаза е водоводот Пашовски, во завршна фаза е реконструкцијата на плоштадот овде во Прилеп. Продолжуваме со подготовките и општина Прилеп за прв пат ќе влезе во фаза на издавање на општинска обврзница, нешто што ќе биде новитет за да се обезбедат средства за финансирање на други проекти како што е кружниот тек во центарот на градот кај Тинекс, потоа влезот од другата страна од кај Брод, потоа обиколницата Сивец итн.

И она што за мене е многу значајно во преговорите со владата успеавме да издејствуваме водоводните претпријатија и оние кои што стопанисуваат со пречистителните станици со канализациите во општините добијат повластена цена на струјата на електричната енергија. Тоа важи овде во општина Прилеп и можам да најавам дека веќе во декември советот тука до мене е и претседателот ќе донесат одлука за враќање на старата цена на водата, она кое што советот и градоначалникот го земаа како обврска овде во Прилеп да откако ќе биде корегирана цената на електричната енергија се врати старата цена за вода на прилепчани.

Така што исклучително квалитетен ден и се надевам дека сето ова ќе значи подобар живот и исполнување на ветувањата кои што ги даде градоначалникот овде во Прилеп на локалните избори и тоа ќе значи поквалитетен живот и подобри услови за прилепчани, истакна Мицкоски.