Претседателот на опозициската Социјалдемократска партија (СДС), Мирко Шаровиќ, и сите членови на партиското претседателство денеска поднесоа оставки.
Шаровиќ изјави дека Претседателството на СДС ќе функционира во технички мандат, а седницата на Главниот одбор е закажана за следната сабота, по што следуваат внатрепартиски избори.
-Ставот на сите нас е дека изборниот резултат е лош и дека е неуспех на сите четири нивоа. Очекувањата беа поголеми, но тоа е реална проценка. Претседателството не бараше алиби за изборниот резултат, изјави Шаровиќ по седницата на претседателството на партијата во Бања Лука, пренесуваат бањалучките медиуми.
Како неуспех на изборите Шаровиќ го наведе и резултатот на заедничкиот кандидат на СДС и ПДП за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ.