Жерард Пике се најде под страшен притисок во последните неколку месеци и комплетно западна во втор план кај тренерот Чави Ернандес, што на крајот резултираше со шокантна одлука од стоперот, кој повлече радикален потег и експресно стави крај на кариерата.
Пике нема да дочека ниту крај на сезоната и ќе го игра последниот меч претстојниот викенд, одлука која дефинитивно никој не ја очекуваше и која секако предизивка и голем потрес во шпанската јавност.
Изненеадени од потегот на Пике останаа и неговите колеги, па откако се јави шокираниот Пујол, оригинална објава имаше и Серхио Рамос.
Серхио и Жерард доживеаја навистина различни периоди како противници во своите кариери, но на крајот завршија со огромна меѓусебна почит која се одржува и од дистанца.
– Жери, ти се обраќам на андалузиски: Никој не може да ти ги одземе убавите моменти што ги имаше! Уживај во животот!, – порача Рамос.
Geri, te lo digo en andaluz: ¡que te quiten ‘lo bailao’, crack! 😉 ¡Disfruta de la vida! pic.twitter.com/Qt0MSTPj73
— Sergio Ramos (@SergioRamos) November 3, 2022