Премиерот Зоран Заев во интервју за Би-Би-Си, вели дека ги има исполнето систе црвени линии кои ги имале грчката страна, тој прифатил промена на името, географска одредница и ерга омнес решение. Според него идентитетот е издвоен и еден е грчкиот, а друг македонскиот идентитет, алудирајќи на античкиот период кој со договорот ексклузивно е грчки.
– Имаше еден вид на црвени линии, како што се да имаме ново име, истото да биде со географска одредница и да биде за севкупна употреба, внатрешно и надворешно. Сега се појавува оваа реакција во врска со идентитетот од страна на опозицијата во Грција, но јас се обидувам да го информирам, да го охрабрам господинот Мицотакис, кој е лидерот на опозицијата во Грција, дека ние го издвоивме нашето идентитетско прашање, кажа Заев.
Во врска со идентитетот тој се дообјаснува и вели,
-Имаме хеленски или грчки македонци и нашите македонци, со посебна култура, со посебна историја секако, и ние го направивме тоа на многу позитивен начин со цел градење на врски и соработка.