Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Како што најавија од Претседателството на Србија, средбата треба да започне во 18:30 часот, а местото на средбата не е прецизирано, пренесе Бета. Темите на средбата не беа прецизирани.
Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера во Берлин по самитот на Берлинскиот процес изјави дека одвоено разговарала со шефот на европската дипломатија Жосеп Борел и со Лајчак за проблемот со пререгистрацијата на возилата со српски регистарски таблички на Косово.
Лајчак беше во Белград пред две недели.