петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ферарито со кoe победуваше Шумахер оди на аукција

Ферарито со кoe победуваше Шумахер оди на аукција

Болидот на Ферари во кој германскиот автомобилистички ас Михаел Шумахер оствари пет победи во трките во текот на сезоната 2003-та во класата Формула, кога ја освои титулата светски првак, ќе биде понуден на наддавање следната седмица во швајцарска Женева, објави во петокот аукциската куќа „Sotheby’s“.

Црвеното Ферари од моделот „Chassis 229“ со кој Шумахер девет пати се натпреварувал споменатата сезона, би можело да постигне цена од 9,4 милиони долари, тврдат од аукциската куќа.

„Посебен е бидејќи овој автомобил е еден од само четирите автомобили со повеќе од четири победи во историјата на Ферари, а особено со еден од највештите возачи на својата генерација, Михаел Шумахер“, вили Винсент Лузуи, извршен помошник на директорот за продажба во Sotheby’s.

Додава дека целениот пазар се купците на тркачки автомобили, имајќи предвид дека болидот е „подготвен за патека“, како и за колекционерите на ретки предмети.