Милан во јануари очекува богата понуда од Челси и Манчестер сити за Рафаел Леао, кој стана желба на англиските гиганти по одличните настапи под водство на тренерот Стефано Пиоли.
Леао оваа сезона постигна шест гола и девет асистенции досега за „росонерите“, па тоа е дополнителна причина зошто Челси сака да тргне по неговиот потпис во јануари.
Челси веќе некое време е заинтересиран за португалскиот фудбалер, а наводно за неговите услуги е подготвен да понуди пари плус двајца фудбалери, а тоа се Армандо Броја и Хаким Зијех.