петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА-ѕвезда повторно заврши во затвор

НБА-ѕвезда повторно заврши во затвор

Поранешната НБА-ѕвезда, Бен Гордон (39), повторно заврши зад решетки, а овој пат беше уапсен откако нокаутираше двајца чувари во ресторан за брза храна во Чикаго, по што реагираше полицијата и Гордон заврши во затвор.

Бен Гордон е поранешна НБА-ѕвезда. Овој 39-годишен кошаркар имаше неколку феноменални сезони во дресот на Чикаго Булс, но кариерата ја заврши во 2015 година поради бројни психички проблеми.

Сега тој се врати зад решетки. Поранешниот избор на драфтот во третата рунда прво нокаутирал 29-годишен чувар во ресторан за брза храна, а потоа и 21-годишник кој истрчал да му помогне на колегата.

Гордон не можел да се помири да биде исфрлен од ресторанот. Не е познато што му претходело на исфрлањето, но очигледно тоа не му се допаднало и решил физички да реагира.