петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Синдикатот за високо образование во Албанија го прекинува бојкотот и почнува настава, опција е бојкот на испитната сесија

Синдикатот за високо образование во Албанија го прекинува бојкотот и почнува настава, опција е бојкот на испитната сесија

Синдикатот на високото образование во Албанија одлучи привремено да го прекине бојкотот на наставниот процес додека остануваат на сила сите можности за штрајкови и периодични протести.

Од пред Политехничкиот Универзитет во Тирана, првиот човек на Синдикатот Александер Ковачи најави продолжување на нивната акција.

– Привремено го прекинуваме бојкотот на образовниот процес заради исполнување на нашата должност, додека на сила остануваат сите можности за штрајкови и периодични протести. Следниот протест е утре во 11:00 часот, рече Ковачи.
Ковачи додаде дека една од опциите е да се бојкотира испитната сесија во февруари.

– Ја проучуваме вкупната национална поддршка како можна опција, доколку владата не ги исполни нашите услови. Ќе има бојкоти и периодични штрајкови, најави тој.

Во меѓувреме, академскиот сенат на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ денеска одобри зголемување на платите за осум отсто на академскиот кадар на Универзитетот.

Ова е втор универзитет што одобри зголемување на платата на професорите за осум отсто. Заедно со одобрените седум отсто од владата, професорските плати се зголемуваат за 15 отсто.

Академската 2022/2023 во земјата требаше да почне на 17 минатиот месец.

Професорите бараа зголемување на платите за 30 отсто оваа и 20 отсто следната година, додека владата одобри седум отсто од буџетот, како и осум отсто од средствата на универзитетите, со што не се согласуваа и почнаа со бојкот и протести.