петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мартинез в четврток ќе ја донесе конечната одлука за Лукаку

Мартинез в четврток ќе ја донесе конечната одлука за Лукаку

Фудбалскиот селектор на Белгија, Роберто Мартинез изјави дека в четврток ќе ја донесе конечната одлука дали Ромелу Лукаку ќе биде на списокот на патници за Катар.

Лукаку од почетокот на сезоната се мачи со повреда на препоните, а доколку биде подготвен до први декември, како што рече Мартинез, ќе се најде во ростерот на Белгија.

„Во овој момент не може да игра и сега сè е во рацете на докторите. Одлуката ќе ја донесеме во четврток, пред да го објавиме списокот со имињата на 26-те играчи. Ако можеме да сметаме на тоа дека ќе може да игра од први декември, тој ќе биде дел од тимот. Ако не, тогаш нема“, рече селекторот на Белгија.

Белгија е во група со Канада, Мароко и Хрватска, а последниот натпревар во групата го игра на први декември. Светското првенство започнува на 20 ноември.