четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за несреќата во провалија: Малолетничка возела четирицикл, па излетала од патот – две лица повредени

Детали за несреќата во провалија: Малолетничка возела четирицикл, па излетала од патот – две лица повредени

На 08.11.2022 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од место викано „Мала Река“ кон с.Горно Количани, скопско, четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишна малолетничка од Скопје, излетал од патот и паднал во провалија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничката и сопатникот С.С.(29) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.