На 08.11.2022 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(44) од Велес.
Тој се сомничи дека на 05.11.20222 околу 22:40 часот на ул. „8-ми Септември“ во Велес со употреба на алат се обидел да изврши „тешка кражба“ од трафостаница на ЕВН, но не успеал.
Притоа, настанала експлозија откако се обидел да исече кабли. Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.