УФЦ ѕвездата Конор МекГрегор преку објава на социјалните мрежи потврди дека има интерес да го купи Ливерпул само неколкку дена откако газдите од Fenway Sports Group објавија дека го продаваат славниот клуб.
Ирецот нема влезено во октагонот од тешкиот пораз од Дастин Поире во јули 2021 година и се чини дека веројатно тој пораз е причината зошто се интересира за други бизниси.
Со веста дека FSG сака да го продаде премиерлигашот, поранешниот УФЦ првак во лесна и прелесна категорија беше запрашан дали тој би можел да биде човекот кој ќе го преземе водството на „Енфилд“, а се чини дека Ирецот е заинтересиран за такво нешто.
На прашање од еден фан дали би бил заинтересиран за купување на клубот од Мерсисајд, Конор напиша: „Многу би сакал! Побарав инфгормации за тоа, да. Веднаш штом слушнав. Каков развој на настаните! Каков клуб!“, твитна тој.
I WOULD LOVE IT! I requested my information on this, yes. Soon as I heard. What a turn of events! What a club! @LFC https://t.co/HD0ELlhKOH
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) November 8, 2022
УФЦ легендата е само уште едно име на долгиот список на потенцијални купци кои се појавија откако излезе веста дека FSG бара нови сопственици.
Првично фаворит беше најбогатиот Британец, Сер Џим Ратклиф, но тој објави дека не е заинтересиран за купување на Ливерпул и наместо тоа парите сака да ги вложи во француска Ница.