Челниците на УЕФА и најсилните европски лиги одржаа состанок во Нион со претставници на компанијата „А22 Спортс менаџмент‘, која стои зад проектот Суперлига, и уште еднаш ја офтрлија идејата за формирање на ова натпреварување.
Во соопштението на УЕФА се наведува дека на состанокот присуствувале претседателот Александар Чеферин, претставници на европските клубови и лиги, како и претставници на Здружението на навивачи и Синдикатот на фудбалери (FIFPRO) од една, и извршните директори на „А22“, Бернд Рајнхарт, Анас Лаграри и Џон Хан, од друга страна.
– Во согласност со единството на европскиот фудбал, УЕФА и фудбалските актери уште еднаш за време на дискусијата едногласно го отфрлија образложението за проект каков што е европска Суперлига, соопшти УЕФА.
Од 12 европски клубови кои иницираа формирање Суперлига, зад идејата останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.