сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Мекиќ: Да го одбраниме домашниот терен против Норвешка и Данска

Мекиќ: Да го одбраниме домашниот терен против Норвешка и Данска

Адем Мекиќ е одново дел од македонската најдобра кошаркарска селекција. Повредата го спречи да не ги одигра првите два натпревари против Данска, и потоа со Словачка во Скопје во претквалификациите за ЕП 2025.

Во Гевгелија, в четврток во салата „26 Април“ од 19.00 часот, ќе биде на располагање на нашиот стручен штаб за средбата со Норвешка.

– Пред сè, сакам да напоменам дека по подолга пауза многу ми е мило што сум назад во тимот и во репрезентацијата. Пред нас е очигледно тежок натпревар со делителот на првото место во групата заедно со нас, тимот на Норвешка. Се работи за сериозен тим со брза и сериозна кошарка, со самодоверба и слобода во нападот, предобро воиграна транзиција, но на нас е да ги оправдаме очекувањата и да го одбраниме домашниот терен. За нас е многу важен дуел овој со Норвешка. Спремни сме да го оправдаме, да кажам, донекаде, епитетот на фаворит и на домашен терен. Атмосферата во екипата е одлична и се надевам на победа – вели Мекиќ.