сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лејкерс повторно загубија, Леброн не го доигра натпреварот со Клиперс

Лејкерс повторно загубија, Леброн не го доигра натпреварот со Клиперс

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс поради повреда го напушти теренот на 5:41 минута до крајот на натпреварот против Лос Анџелес клиперс.

При негатива од 12 поени Леброн Џејмс заработи две слободни фрлања, но не застана на линијата, туку полека се упати кон соблекувалната држејќи се за пределот на препоните.

Според информации од тимот, играчот чувствува болка во левата нога. Леброн го пропушти претходниот меч поради болки во истата нога.

Натпреварот со Клиепрс заврши со пораз на Лејкерс со 101:114. Џејмс натпреварот го заврши со 30 поени (12 од 22 од поле), 8 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки за 32 минути на паркетот.

Лејкерси го претрпеа четвртиот пораз во низа и се претпоследни во Западната конференција на НБА-лигата со скор 2-9.