понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ја предводи Португалија во Катар (ФОТО)

Роналдо ја предводи Португалија во Катар (ФОТО)

Светското првенство во Катар ќе биде петто за напаѓачот на Манчестер Јунајтед Кристијано Роналдо. Покрај Роналдо во нападот на Португалците е уште и Жоао Феликс кој не игра во најдобра форма во Атлетико кој во последно време се мачи со резултатите.

Во составот на Португалците нема некои посебни изненадувања и тука се сите што се очекуваше да бидат. Напаѓачот на Ливерпул Диого Жота како е што познато отпадна поради повреда. Проблеми со повреда имаше и Рубен Невеш, но тој сепак ќе биде спремен.

Ќе потсетиме, Португалија на Светското првенство во Катар се пласираше откако во финалниот бараж ја победи Македонија на „Драгао“.