петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Возење без лиценца и без возачка дозвола: МВР во контрола на автобусите што превeзуваат ученици, еве што е утврдено

Возење без лиценца и без возачка дозвола: МВР во контрола на автобусите што превeзуваат ученици, еве што е утврдено

Министерството за внатрешни работи вчера во периодот од 12.00 до 16.00 часот спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици низ цела Македонија.

Од МВР велат дека контролата се спроведува за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

-При контролата констатирани е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 60 сообраќајни прекршоци. Од нив четири за возење без возачка дозвола, а 21 возило е упатено на вонреден технички преглед, информира МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Најнови вести