четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Само во Скопје казнети 180 возачи

Само во Скопје казнети 180 возачи

На територија на град Скопје полицијата вчера изрекла вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола и oсум санкции за управување под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.