Наполи дојде до нова победа во Серија „А“, и тимот граби кон Скудетото. Најдобар во победата од 3-2 на лидерот во дуелот со Удинезе беше Елиф Елмас, кој забележа асистенција и гол.
После натпреварот, тренерот Лучијано Спалети даде свој коментар за натпреварот, како и за Елиф Елмас за кого кажа пофални зборови, иако во текот на натпреварот често му делеше совети.
„Елмас е извонредно момче, вистински професионалец. Направи одлична асистенција и даде одличен гол. Трчаше во текот на целиот натпревар. Со овие негови квалитети дефинитивно на тимот му е полесно“, рече Спалети по натпреварот.