петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тен Хаг и Манчестер јунајтед разочарани од интервјуто на Роналдо

Тен Хаг и Манчестер јунајтед разочарани од интервјуто на Роналдо

Во Манчестер јунајтед се незадоволни од интервјуто на Кристијано Роналдо. Да потсетиме, напаѓачот во интервјуто со Пирс Морган рече дека не го почитува тренерот Ерик тен Хаг, и дека клубот се обидел да го принуди да си замине, а зборуваше и за недостатокот на напредок во Јунајтед по заминувањето на Алекс Фергусон.

Според „Sky Sports“, Тен Хаг и неговите соработници се крајно разочарани од стилот и тајмингот на ова интервју. За неговото излегување дознале кога се подготвувале за враќање од Лондон по мечот со Фулам од 2:1.

Во Јунајтед не разбираат зошто Роналдо го кажа сето ова. Членовите на тимот се исто така разочарани што Кристијано на овој начин покажа непочитување кон тренерот, клубот и соиграчите.

Веројатно клубот ќе ги разгледа сите можни опции за разделба со Португалецот по завршувањето на Светското првенство во Катар (20 ноември – 18 декември). (МИА)