среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган ја повика ЕУ да помогне во продолжување на договорот за извоз на жито од Украина

Ердоган ја повика ЕУ да помогне во продолжување на договорот за извоз на жито од Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Европската унија (ЕУ) да ја одигра својата улога во продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море.

Како што јави Анадолија, Ердоган поканата до ЕУ ја упати ​​на состанокот зад затворени врати со францускиот колега Емануел Макрон, на маргините на самитот на Г20 во Индонезија, каде двајцата лидери разговараа за билатералните односи и регионалниот развој.

Ердоган кажа дека коридорот за жито повторно почна да функционира по интензивните напори на Турција, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Кабинетот на турскиот претседател.

Турција, Обединетите нации, Русија и Украина на 22 јули во Истанбул  потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руската инвазија на Украина.

Страните преговараат за можно проширување на договорот, што истекува на 19 ноември, со извоз на руско жито и ѓубриво. (МИА)