сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Оружје најдено кај маж, доби кривична пријава

Оружје најдено кај маж, доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Н.Р.(55) од с.Умлена, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 08.09.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловечка пушка „Бајкал“ калибар 16мм и кожен реденик со 11 ловечки патрони калибар 16мм, кои без дозвола ги држел во неговиот дом.