Езџан Алиоски летово се пресели во Фенербахче, каде ќе игра на позајмица од Ал-Ахли од Саудиска Арабија.
Задоволни од досегашните настапи, челниците на турскиот гигант наводно одлучиле да целосно да го откупат нашиот интернационалец. На крајот од сезоната екипите ќе седнат на маса и ќе водат преговори околу откупната сума за македонскиот репрезентативец.
Тимот од Истанбул подготвил 2,5 милиони евра за популарниот Џани. Тоа според пишувањата на турските медиуми ќе биде прифатливо и за Ал-Ахли.
Алиоски досега одигра 17 натпревари за Фенер и запиша еден гол и подели две асистенции.