четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Супер компјутерот на „ОПТА“ ги одреди шансите за триумф на секој учесник на СП, ќе се изненадите од изборот за прво место

Супер компјутерот на „ОПТА“ ги одреди шансите за триумф на секој учесник на СП, ќе се изненадите од изборот за прво место

Светското првенство ќе започне за неколку дена, а голем број од патниците во Катар очекуваат нивната репрезентација да триумфира на мундијалот.

Сепак, јасно е дека само една селекција ќе слави на 18. декември, а компјутерот на статистичкиот експерт ОПТА го прогнозирал епилогот на СП со помош на вештачка интелигенција.

Алгоритмот на ОПТА земал предвид голем број критериуми, прогнозирајќи го исходот, а според истиот Бразил ќе биде нов светски првак по пауза од 20 години.

Бразилците имаат 15,8% шанси да победат во Катар и дури 63,7% да играат во четвртфиналето, а зад нив е Аргенетина со 12,6%. Европска селекција со најголеми шанси да триумфира на СП има Франција, која е на третото место со 12,2%.

Во Топ 10 се уште и Шпанија, Англија, Германија, Холандија, Португалија, Белгија и Данска.