сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пивото во Катар ќе чини 800 денари, ќе има и ограничувања за тоа колку може да се купат

Пивото во Катар ќе чини 800 денари, ќе има и ограничувања за тоа колку може да се купат

Светското фудбалско првенство во Катар по многу нешта ќе се разликува од претходните, а дел од промените ќе почувствуваат и навивачите кои ќе се упатат кон богата земја. Во има бројни ограничувања, но некои од нив ќе бидат приспособени за фудбалските фанови. Тоа вклучува и конзумирање на алкохол.

Обично алкохолот е забранет во Катар, може да се пие само во oдредени места и е многу скап, но шефот на организацијата на Светското првенство, Насер ал Катер, изјави дека цените на пивото ќе се намалат во фан зоните и стадионите. Наводно, половина литар пиво ќе чини нешто повеќе од 500 денари.

Според британски „Гардијан“, „Бадвајзер“, единственото официјално пиво на Светското првенство во Катар, ќе има повисока цена. Ќе се продава за 50 риали, што е приближно 800 денари. Откриени се и цените на безалкохолното пиво и водата. Безалкохолното пиво ќе чини 500 денари, а водата 160 денари.

Навивачите се советуваат да пијат вода. „Бадвајзер“ наведува дека оние кои сакаат да купат пиво ќе треба да докажат дека имаат над 21 година, а ќе може да се купат најмногу четири пива по лице. Исто така на „Бадвајзер“ му било наложено да ги премести своите продажни места на помалку видливи локации надвор од стадионот.