недела, 24. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Србија „пукна петарда“ на последниот натпревар пред Мундијалот! (ВИДЕО)

Србија „пукна петарда“ на последниот натпревар пред Мундијалот! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Србија го декласираа Бахреин на гостински терен со резултат 5:1 во пријателски натпревар, кој беше и генерална проба за Србите пред почетокот на Светското првенство.

Двоен стрелец беше Душан Тадиќ, а по еднаш погодија Влаховиќ на асистенција на Тадиќ, како и Филип Ѓуричиќ и Лука Јовиќ. Влаховиќ на теренот помина 45 минути и тоа е големо охрабрување откако се повреди.

Александар Митровиќ, Филип Костиќ и Саша Лукиќ го прескокнаа овој дуел и не беа во конкуренција.

Тренерот Драган Стојковиќ не импровизираше ништо во формациите што ги користеше досега. Првото полувреме Србија го одигра во систем 3-4-2-1, а второто 3-4-1-2. Така Србија без дополнителни повреди и во одлична атмосфера заминува за Катар.