сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Грејнер ја отслужува казната во руска казнена колонија

Грејнер ја отслужува казната во руска казнена колонија

Американската кошаркарка Бритни Грајнер почна да ја отслужува деветгодишната казна за поседување дрога во руска казнена колонија, објавија нејзините адвокати.

Грајнер била префрлена во казнена колонија во Мордовија, на околу 350 километри источно од Москва, откако рускиот суд, минатиот месец, ја одби нејзината жалба. ејзините адвокати рекоа дека ја посетиле претходно оваа недела.

„На Бритни и оди како што може да се очекува и се обидува да остане силна додека се прилагодува на новата средина“, велат нејзините адвокати во соопштението.

Двократната освојувачка на златен олимписки медал беше приведена во февруари, на аеродромот Шереметјево. Цариниците во нејзиниот багаж пронашле капсули со масло од канабис.

На судењето, Грајнер призна дека имала капсули со масло од канабис во багажот, но сведочеше дека ненамерно ги спакувала во брзањето да избега од војната и дека немала криминална намера.