сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капитенот на Катар: Интернетот е многу опасно место, какви се тие дезинформации дека сме го „купиле“ мечот против Еквадор!?

Капитенот на Катар: Интернетот е многу опасно место, какви се тие дезинформации дека сме го „купиле“ мечот против Еквадор!?

Репрезентацијата на Катар ги прави последните подготовки пред историскиот за нив прв меч на Светските првенство. Катар како домаќин на Мундијалот 2022 година, игра против Еквадор. Искусниот 31-годишен напаѓач Хасан Ал Хајдос ќе ја има честа да биде капитенот на историскиот дуел против Еквадор.

„Со нетрпение чекаме да покажеме резултат по целото ова долго и изцрувачко подготвување за Мундијалот. Имаме голема желба на секој меч да одиграме најдобро што можеме.Свесни сме пред каков предизвик сме и кои ни се противниците“, вели Ал Хајдос кој има 169 меча во репрезентативниот дрес и постигнал 36 голови.

Капитенот на Катар е зачуден за тоа како може некој да верува дека на дуелот против Еквадор биле поткупени дел од фудбалерите на противникот за да може Катар полесно да победи.

„Има премногу дезинформации. Воопшто не знам што да кажам за таквите пишувања и дали воопшто некој може да ги смета за сериозни? Само ќе кажам дека интернетот е огромен, но истотака се покажува дека е и многу опасно место, барем според мене. Неколку години се подготвуваме и тренираме за овој момент. Заедно сме најсилни и никој нема да успее да не дефокусира“, додава Ал Хајдос во пресрет на утрешниот меч.