вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Позната химната на ФИФА за СП во Катар (ВИДЕО)

Позната химната на ФИФА за СП во Катар (ВИДЕО)

Хип-хоп ѕвездата Ники Минаж се здружи со колумбискиот кантавтор Малума и либанската пејачка Миријам Фарес на најновата песна за официјалниот саундтрак на Светското првенство на ФИФА во Катар.

Синглот „Tukoh Taka“, со стихови на англиски, шпански и арапски, беше објавен во петокот, два дена пред почетокот на турнирот.

Тоа е најновата во серијата песни на уметници од целиот свет објавени како дел од официјалниот саундтрак на ФИФА за Светското првенство во 2022 година.

Малума и Миријам Фарес ќе пејат денеска на отворањето на ФИФА фан фестивалот во Доха.