понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

СПЕКТАКЛОТ ЗАПОЧНУВА: 22-то Светско фудбалско превенство во Катар – прво на есен и без пиво

СПЕКТАКЛОТ ЗАПОЧНУВА: 22-то Светско фудбалско превенство во Катар – прво на есен и без пиво

Со натпреварот Катар-Еквадор во 17 часот во Доха, Катар, почнува 22. Светско фудбалско првенство – прво што се игра на есен.Ова ќе биде досега најскапиот мундијал, за кој малата држава богата со нафта и гас потроши неверојатни 220 милијаради евра..

„Добар ден, добро вечер или добро утро драги гледачи, започна најзначајниот ден во 2022.

Три временски зони – најзначаен спортски празник, дали на трибините или пред малите екрани, светот овој месец ќе живее за најважната споредна работа – фудбалскиот Мундијал.

Да се заигра на светско првенство е сон на секој фудбалер уште од најмали нозе, а легендарната 9ка, во дресот на Југославија, не само што истрча, туку постигна и погодок на светското во Италија во 1990 година.

„Еден велелепен настан, заедно со ОИ е сигурно најголем настан на планетата, да се биде дел од тоа е прекрасно чувство, уште ако одиграш натрпревар, па дадеш и гол како јас што имав среќа да бидам и стрелец, навистина се моменти кои ти остануваат во сеќавање целиот

И во земјава традицијата продолжува понатаму, панини сликичките се менуваат на „Фонтана“ во градскиот парк и се полни мундијалскиот албум. Секој од граѓаните со свој фаворит, како репрезентативен, така и за најдобар стрелец.

Најдобрите во обид да ги оправдат очекувањата, а послабите да ги надминат и да го подигнат златниот пехар. Легендата на спортското новинарство и коментатор Костовски ќе навива за Бразил и не очекува посебни изненадувања. Додека пак златната копачка на Европа, Дарко Панчев ќе ги бодри екипите од регионот.

„Ќе биде некој од старите, дали Франција, дали Бразил, дали Аргентина, дали Германија, мислам дека некој од оваа четврока на крајот ќе се радува на пехарот.

„Јас во принцип навивам секогаш за нашиве, во стил од екс-ју просторите, еве сега Македонија не учествува, но ќе навивам за Србија и Хрватска, нормално, дали дека ние растевме во една таква држава па тоа ми е некако блиску.

Светското во Катар освен по фудбалот, ќе биде запаментено и по многу конторверзи.. Фудбалската „оаза“ изградена среде пустина, тешка над 200 милијарди евра, одзеде животи на 6,500 работници, обвинувањата за прекршување на основните човекови права се се погласни, а уште од изборот за домаќин, митото и корупцијата фрлија сенка врз фудбалот.

„Никогаш не е доцна за да се одговори на ова прашање дали имаше и некои додатни милиони, што се однесува до Платини и Блатер, се докажа дека не било така. Мора да има ред и поредок и на стадионите, поготово со ваква смотра и на толку висока температура.

Центите во Катар се прескапи, но сепак се очекувата над 1 милион навивачи ширум светот, кои за прв пат нема да смеат да пијаат пиво на стадионите.. Во страв дека некои од нив нема да бидат исполнети, катарците според некои видеа што се појавија на социјалните мрежи најмиле платени навивачи од Пакистан и Бангладеш кои ќе ја создаваат фудбалската еуфорија за 10 долари дневно, три оброци и влезница за натрпевар..