понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА донесе одлука: Еве кави ќе бидат капитенските ленти на СП во Катар, во секоја фаза пораката е различна, а се знае и дали ќе има порака за поддршка на ЛГБТ

ФИФА донесе одлука: Еве кави ќе бидат капитенските ленти на СП во Катар, во секоја фаза пораката е различна, а се знае и дали ќе има порака за поддршка на ЛГБТ

ФИФА на само еден ден пред почетокот на СП во Катар откри како ќе изгедаат капитенските ленти на сите тимови кои ќе настапат на Мундијалот.

Имено во соработка со Обединетите нации направена е програма за тоа какви пораки треба да има на капитенските ленти.

Пораките ќе промовираат здрав живот, единство, а ќе содржат и пораки против дискриминација.

-Во привата фаза од натпреварите пораката ќе биде #FootballUnitesTheWorld (Фудбалот го обединува светот), во втората #SaveThePlanet (Да ја сочуваме планетата), во третата #ProtectChildren #ShareTheMeal (Да ги заштитиме децата и да споделиме оброк).

Кога ќе биде осминафиналето ќе бидат истакнати две пораки: #EducationForAll #FootballForSchools (Образование за сите и Фудбал во сите школи), а во четвртинафиналето пораките ќе бидат следни: #NoDiscrimination (Без дискриминација)!

Во полифиналето пораките ќе бидат #BeActive #BringTheMoves (Биди активен, Направи движење). Во натпреварот за третото место пораката ќе биде: #FootballUnitesTheWorld (Фудбалот го обединува светот).

Пораки за поддршка на ЛГБТ заедницата нема да има, но капитените ќе мора да ги носат лентите кои ФИФА ги одредува.