Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје договори ново засилување и на „штрковите“ им се приклучува Александар Бурсаќ, објави српски „Моцарт Спорт“.
Бурсаќ, кој има 27 години, настапува на позицијата крилен центар. Србинот последен пат играше во шпанската АЦБ-лига каде одигра пет натпревари за Џирона и Манреса.
Бурсаќ низ годините играше и за Задар, ФМП, Војводина и Вршац.