четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Хрватска и Мароко го отвораат новиот мундијалски ден – Настапи и на Германија, Шпанија и Белгија

Хрватска и Мароко го отвораат новиот мундијалски ден – Настапи и на Германија, Шпанија и Белгија

Натпреварот меѓу Мароко и Хрватска ќе го отвори четвртиот ден од Светското првенство во Катар. Двете селекции ќе се сретнат на стадионот Ал Бајт со почеток во 11 часот.

Мундијалскиот ден продолжува со дуелот меѓу Германија и Јапонија во 14 часот, а со почеток во 17 часот љубителите на фудбалот ќе можат да го следат натпреварот меѓу Шпанија и Костарика кој ќе се одигра на стадионот Ал Тумам.

Селекциите на Белгија и Канада ќе го затворат овој фудбалски ден со натпреварот кој ќе започне во 20 часот.