недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бостон очекува Вилијамс да се врати до Божик

Бостон очекува Вилијамс да се врати до Божик

Бостон селтикс очекува центарот Роберт Вилијамс да закрепне од операцијата до Божик.

Според „ESPN“, во март, 25-годишен Американец успешно беше опериран поради скинат менискус на левото колено. Оваа сезона тој не се појави на паркетот.

Поради повредата Вилијамс пропушти седум натпревари во ланскиот плејофот, а потоа играше.

По завршувањето на сезоната беше одлучено да не се прави втора операција, но по прегледот овој месец лекарите се предомислија.